Истите луѓе од ВМРО – ДПМНЕ кои својата предизборна кампања ја градеа преку своите перманентни ствови дека ќе се стави крај на урбаниот хаос во градов кога ќе дојдат на власт, ги поставуваат на дневен ред истите детални урбанистички планови и бараат алиби во опозицијата, обвинуваат од СДСМ Охрид.
Нема оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ, и да не ги постави двете точки од урбаната сфера од дванаесеттата седница на тринаесеттата, реагираат од СДСМ Охрид. Како што кажа Христина Гоговска, раководителот на Центарот за комуникации, изненадени се како се променил принципиелниот став на ВМРО – ДПМНЕ кои цели 4 години за време на владеењто на поранешните градски власти од 2009 до 2013, биле исклучиво против сите детални урбанистички планови и гласале против, а сега со промената на власта на локлано ниво тие исти луѓе од ВМРО – ДПМНЕ ги поставуваат на дневен ред и барат алиби во опозицијата.
„Ние не можеме да сфатиме како е можно принципиелните ставови и длабоките уверувања на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид да бидат толку брзо напуштени и променети. Па сите се сеќаваме како ОК на ВМРО – ДПМНЕ правеше сесија од прес конференции, на кои жестоко и неодновано беа нашаѓани советнивците од СДСМ, Дека се дел од урбаната мафија и од урбанистичкото дивеење и хаос на градоначалникот и дека тие, кога ќе дојдат на власт, ќе ја спречат и стопираат таквата урбанистичка експанзија на висококатници“.
Гоговска јавно ги запраша советниците од ВМРО – ДПМНЕ, зошто сега не ги враќаат ДУП овите до надлежните државни органи на доработка со цел да го спречат урбанистичкото дивеење. Таа запраша зошто висококатниците не ги избришат и заменат со ниски градби како што ја уверувале охридскта јавност дека ќе го сторат кога ќе дојдат на власт. На новинарско прашање пак зошто денешниот прес СДСМ не го одржа порано ако се има предвид дека тринаесетата седница на Совет на која не беа ставени двете спорни точки од урбанизмот беше пред десеттина дена, одговори првиот човек на охридските социјалдемократи Томислав Тунтев.
„Опозицијата нема намера да биде алиби а верувајте доколку продолжи ваквата приказна ние ќе имаме и повеќе прес конференции ништо не е задоцнето затоа што досега немаше материјал, а инаку на две седници досега ние ги повикувавме да дискутираме токму за тие урбанистички планови“.
Од Центарот за комуникации на ОО на СДСМ велат дека нивниот став како опозиција на Советот, е непромент од оној што го имале и како позиција, односно не се против урбанизација на Охрид, бидејќи според нив тоа е цивилизациска придобивка со која што се воведува ред во сферата на урбанизмот и се задоволуваат елементарните потреби и барања на граѓаните. Инаку Гоговска потсети дека на дванаессеттата седница на Совет која се одржа на 29 октомври беа повлечени две точки од дневен ред кои се однесуваа за донесување на ДУП за изградба на висококатници во централното градско подрачје. Тогаш од Локалната како причина го наведоа напуштањето на седницата од страна на опозицијата. Два дена подоцна на тринаесеттата седница опозицијата побра да се расправа по тие две точки што не беше прифатено.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град