Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ прогласи победа во првиот изборен круг.
Александар Петрески со освоени 13.770 гласови или 904 гласови повеќе во однос на неговиот против кандидат од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Наче е победник во првиот изборен круг. Петрески го искажа задоволството од достоинствените избори без инциденти, но искажа жалење од некоректниот однос на неговиот противник од Вмро Дпмне.
„Синоќа цела охридска јавност беше сведок на нивната лажна и невкусна пропаганда. Од првиот до последниот миг на пристигање на резултати јас бев во големо водство, а тие ја лажеа јавноста дека убедливо води нивниот кандидат. Затоа треба да ги научат народните мудрости не гладна кокошка просо сонувала ,туку прво скокни па речи опа истакна Петрески.
Трката за градоначалник продолжува во вториот круг. Петрески истакна дека очекува подршка од сите градоначалнички кандидати, од кои добил и честитки за победата во првиот круг.
Од изборниот штаб на општинскиот одбор на СДСМ се задоволни и од постигнатиот резултат од советничката листа чиј носител е Бранислав Трпчески. ВМРО ДМНЕ има освоено 8856 гласа, а СДСМ 6868 гласови или двe советнички места помалку.
Трпчески истакна охриѓани ги препознаа демократските капацитети и квалитети на сите кандидати кои покажаа дека со понудениот кандидати за градоначалник и советниците сакаат д а ја градат заедничката иднина на Охрид и Македонија.
Според аналитичките податоци на изборниот штаб на СДСМ во охридскиот совет влегуваат 9 советници на Вмро ДПМНЕ, 7 на СДСМ, по 2 советници добија ВМРО НП , НСДП и незвисната советничка листа на Владо Цветкоски, и 1 советник од ПЕИ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град