Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ за досега сработеното, но наместо одговори добива прашања, велат од Општинската организација на СДСМ. Наместо да се пофалат со локални достигнувања тие се фалат со некои мерки што ги превзела Владата, обвинуваат од СДСМ.
Од Општинската организација на СДСМ на денешната пресс конференција истакнаа дека зголемувањето на пензиите, зголемувањето на платите на администрацијата, минималната плата, и вработувањето на ранливите категории граѓани е тешка предизборна манипулација. СДСМ од Охрид упорно бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт, а ВМРО ДПМНЕ од Охрид упорно зборува само за поранешната општинска власт, велат од Општинската организација на СДСМ.
–СДСМ целосно ја понесе одговорноста со тоа што ја изгуби локалната власт минатата година, и крајно е депласирано се уште да зборувате за делата, проектите и резултатите во минатото. Охриѓани Ви ја дадоа довербата минатата година и очекуваат да зборувате исклучиво за Вашите дела, проекти и резултати, што сте ги постигнале Вие на локално ниво. По единаесет месеци власт, веќе не можете и понатаму да барате алиби во поранешната градска власт за Вашите неуспеси и промашувања, рече Христина Гогоска- раководител на центарот за комуникации на ОО на СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град