ОО на СДСМ прашува; за каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари

Општинската СДСМ на денешната прес конференција го повика градоначалникот Никола Бакрачески да одговори на прашањето за каква цел е земен  кредитот во висина од 127 милиони денари и колкава ќе биде каматната стапка.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm Ohrid
сдсм Охрид

За каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари, прашуваат oд општинската СДСМ. Тие бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација кои што се редовна обврска на секоја општина.јован стојаноски

Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. – За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?, прашува координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

sdsmСтојаноски објаснува дека во одлуката што се донесе на претходната 27 седница стои дека каматната стапка изнесува „ шестмесечен EURIBOR со варијабилен распон” (што значи дека каматната стапка е од прилика 0,2%). Но, во материјалите каде што е доставен табеларен преглед за распоред на отплатата на кредитот наведена е каматна стапка од 5%, додава тој.

Врв на се е одговорот на градоначалникот Никола Бакрачески на вчерашната седница, кога изјави дека каматната стапка “нема да биде поголема од 2%”, рече на денешната прес конференција советникот Јован Стојаноски .

Стојаноски во име на граѓаните запраша конечно да се каже колкава е каматата на 127 милионскиот кредит: 0,2 процента, 2 процента или 5 проценти?
Тој додаде дека јавноста заслужува да добие конкретен одговор за задолжувањето кое ќе се отплаќа во текот на наредните 16 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top