СДСМ ја подготвува листата на советници

По исфрлањето на името на Александар Петрески, како единствен кандидат за градоначлник, општинската организација на СДСМ ја подготвува и листата на советници.

 |  Тања Кувенџиска  | 
SDSM logo
СДСМ лого

По исфрлањето на името на Александар Петрески, како единствен кандидат за градоначлник, општинската организација на СДСМ ја подготвува и листата на советници.

Како што велат од општинската организација, при изготвување на листата се поаѓа од квалитетот, но не изостануваат ниту сугестиите и предложените имиња од страна на Централниот одбор на партијата.

pres konferencijaОд СДСМ најавуваат дека конечната Листа на кандидати за  советници ќе биде објавена во текот на оваа недела.
Од друга страна, од ВМРО- ДПМНЕ се уште не се открива името на кандидатот со кој ќе настапат на предстојните локални избори. Информациите говорат дека ВМРО- ДПМНЕ ќе ги објави кандидатите за градоначалници во две групи. Согласно тоа, името на охридскиот кандидат за градоначалник ќе го открие по новогодишните празници.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top