Една фонтана кај некогашниот мини-маркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши. На граѓаните уште минатата година им беше ветено дека фонтаната на плоштадот свечено ќе биде пуштена во употреба за Водици, а оттогаш поминаа 7 месеци. Единствено, градските власти заборавија да им кажат на граѓаните за кои Водици планираат да ја завршат фонтата – годинава или догодина. Општинската СДСМ ова го истакна на дене шната пресс конференција на која зборуваше за нереализираните, а ветени проекти на Локалната и на ВМРО ДПМНЕ.
Во овие 28 месеци од кога Никола Бакрачески е градоначалник на Охрид, не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. И по 2 и пол години не се реализирани таканаречените приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните,ова беше истакнато на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ.
Тоа е доказ за неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани, рече Александар Кузески,секретарот и портпарол на општинската организација на СДСМ. Кузески потсети на капиталните проекти кои сеуште не се реализирани како што се современиот пазар, автобуската станица, покриениот базен, градското пристаниште, катните гаражи, марината и зимскиот центар на Галичица.
За ветените луксузни хотели на охридското крајбрежје најверојатно ВМРО-ДПМНЕ се уште го чека нивниот близок пријател Субрата Рој кој има сериозни проблеми со индиските судови и затвори. Дури ниту помали проекти локалната власт не може да реализира. Една фонтана кај некогашниот минимаркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши. На граѓаните уште минатата година им беше ветено дека фонтаната на плоштадот свечено ќе биде пуштена во употреба за Водици, а оттогаш поминаа 7 месеци. Единствено, градските власти заборавија да им кажат на граѓаните за кои Водици планираат да ја завршат фонтата – годинава или догодина. Кој знае за колку сложен архитектонски и градежен зафат се работи, кога за една пригодна чешма им треба толку време, рече Александар Кузески, секретарот и портпарол на општинската организација на СДСМ.
Граѓаните на Охрид се сведоци на криминалниот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа кај нив уште повеќе се зголемува револтот поради неисполнетите ветувања, потенцира Кузески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град