• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ Охрид : Проектот за реконструкција на „Македонски Просветители“ беше потпишан од Константин Георгиески

СДСМ Охрид : Проектот за реконструкција на „Македонски Просветители“ беше потпишан од Константин Георгиески

Откако Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека започнува реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, од СДСМ Охрид преку соопштение обвинуваат дека овој проект е на претходниот градоначалник, Константин Георгиески.

 |   | 

Откако Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека започнува реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, од СДСМ Охрид преку соопштение обвинуваат дека овој проект е на претходниот градоначалник, Константин Георгиески.

Започна реконструкцијата на улицата “Македонски Просветители”, проект кој беше најавен уште во 2020 год, а договорот за негова реализација официјално беше потпишан на 3-ти септември од градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Радува фактот што актуелниот градоначалник Кирил Пецаков ги продолжува проектите на минатата Локална самоуправа предводена од СДСМ, но доблесно ќе беше тоа и да го спомене на вчерашната прес конференција на која заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кој патем се поставува прашањето во кое својство беше таму, се пофалија дека инфраструктурно ќе се уреди оваа сообраќајница. До кога ВМРО ДПМНЕ ќе си ги препишува туѓите заслуги како свои? – се вели со соопштението на ОО СДСМ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top