• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • О.О на СДСМ со обвинувања до локалната дека не направила никакви зафати во образованието

О.О на СДСМ со обвинувања до локалната дека не направила никакви зафати во образованието

Од СДСМ уште велат дека зачестените инспекциски надзори, преобемните административни обврски на наставниците создаваат нервоза кај наставниците и се одразуваат и на наставата.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm
сдсм

Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар.

pres sdsm„Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во општината? На чија сметка тие нови кадри без ните еден ден работно искуство ќе ја градат својата кариера. Што е направено во образованието од локалната власт на ДПМНЕ во периодот од 24ти Март до денес? Едно големо ништо. Насилно како што доликува на ДПМНЕ се разрешени директорите на училиштата и на најгруб начин се отстранети од своите работни места шеесетина и вработени нови шеесетина наставници во  образованието, некои без соодветна педагошко-психолошка подготовка, без положен стручен испит.“-вели Оливија Пирузева-Јанева-О.О на СДСМ-Охрид.

Пирузева-Јанева смета дека локалната самоуправа досега нема реализирано никакви зафати за подобрување на условите за работа во училиштата, ниту пак некакви капитални инвестиции.

sdsm za obrazovanie„По којзнае кој пат беше пуштена во употреба  спортската сала во ОУ „Живко Чинго“ која после сечењето на лентите до ден денес е затворена за учениците од ова училиште. Отворена е детска градинка во просториите на училишната менза во ОУ „Живко Чинго“, со што е укинат топлиот оброк на учениците – инаку, се работи за два различни субјекта од две различни министерства сместени во ист објект, со еден саат за потрошена електрична енергија и еден саат за Новите потрошена вода. Освен тоа, какви услови  имаат тие дечиња, кои во просториите влегуваат од ист влез со поголемите деца, креветчињата на кои спијат се на бината за приредби, а кога им е време за спиење, на поголемите им е време за одмор: може да се замисли како спијат во такви услови?!“-рече Пирузева-Јанева.

Од општинската организација на СДСМ од Охрид уште велат дека во училиштата владее нервозна атмосфера поради преголемите обврски кои ги имаат наставниците од пополнување на електронскиот дневник, до секојдневно испраќање на дневни подготовки по електронска пошта. Особено беа потенцирани училишните екскурзии за кои СДСМ вели дека никогаш веќе не треба да се повторат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top