СДСМ обвинува за неисполнети ветувања

Нереализираната Железничка, лаги околу изградбата на спортски сали, компјутери кои не функционираат, се само дел од купот лаги на премиерот Груевски, обвинува Томе Чингоски.

Томе Чингоски
Tome Cingoski

Нереализираната Железничка, лаги околу изградбата на спортски сали, компјутери кои не функционираат, се само дел од купот лаги на премиерот Груевски, обвинува Томе Чингоски.

ZeleznickaБројни обвиненија на сметка на неисполнетите ветувања на ВМРО ДПМНЕ и Владата на Груевски.
„Ветувањата на Прамиерот дадени пред 7 месеци, поточно на 18.3.2009, дека конечно ќе бидат решени проблемите на жителите по улица Железничка, завршија само со поставување на камен темелник за отпочнување на работите. Со изградбата на оваа Северна транзитна сообраќајница, им се ветуваа услови за пристоен живот на грѓаните, меѓутоа 7 масеци потоа ништо од ветеното не е ниту започнато. Исто така се постави камен темелник за отпочнување на изградба на спортска сала во село Лескоец и повторно работите останаа само на тоа. Во средното угостителско училиште, Ванчо Питошески, работите започнаа и застанаа на самиот старт“, обвини Томе Чингоски, пратеник од редовите на СДСМ.

„Единствените реализирани проекти на оваа влада се огромните тендери кои предизвикуваат револт кај населението. Лагите и измамите на оваа Влада не се однесуваат само за Охрид и охридско, туку преминуваат и пошироко низ нашата замја. Голема сума на пари се вложи во набавка на компјутери, кои до ден денеска не ја оправдаа својата функција, додава Чингоски.

По обвиненијата упатени на сметка на владата, експресна реакција од „Агенцијата за државни патишта“. Во соопштението кое пристигна до нашата редакција тие остро реагираат на како што велат неиздржаните обинувања за наводно лажно ветување на Владата на Република Македонија за изградба на оваа сообраќајница. Одговорно тврдат цитираме „ Крајно сериозно пристапуваме  кон реализација на овој проект, и покрај непредвиденото намалување на динамиката на градежните работи. Тоа се должи на неопходни дополнувања на ревидираниот проект поради решавање на приклучните улици во хоризонтална и вертикална смсла, решавање на шахтите и капците од постојната канализација, проект за атмосферска кнализација, како и технички решенија за дислокација на постојната електрична и телекомуникациска мрежа. Доколку продолжевме со работа овој проект, онака како што започнала Општината, граѓаните ќе се соочеа со низа проблеми, при што куките долж улицата ќе беа често поплавувани. Дополнително треба да се земат во предвид нерешените имотно- правни работи кои се обврска на Општината“, стои во дел   од реакцјата на „Агенцијата за државни патишта“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top