• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ: На последната седница на советот владејачкото мнозинство донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид

СДСМ: На последната седница на советот владејачкото мнозинство донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид

Уште еднаш потенцираа дека според нив зад одлуките за малото пристаниште и одлуката за утврдување на условите за начинот на градење во Лагадин, стојат бизнис интереси на лица блиски до власта.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm

Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет дека на последната седница донело две штетни одлуки за граѓаните на Охрид без да ја консултира јавноста. Уште еднаш потсетија на нивниот став дека зад ваквите одлуки на владејачкото мнозинство, според нив се кријат бизнис интереси на лица блиски до власта.

malo pristaniste„Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид,со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни објекти. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е преку Јавно приватно партнерство овој објект да го добијат луѓе блиски навласта. ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за граѓаните. Знаејќи дека граѓаните се противат на ова раскрчмување на јавниот имот, локалната власт не ги прашаа што мислат за изградбата на т.н. мала марина.“-вели Јован Стојаноски-координатор на советничката група на СДСМ.

Според СДСМ, мислењето на јавноста било прескокнато и за одлуката за утврдување на условите за начинот на градење во Лагадин.

lagadin plaza„Овој План пред се отвора терен за изградба на претходно најавената Медитеранска плажа, во езерото, против која категорично се сите мештани од оваа населба, за што граѓаните доставија и петиција до Локалната самоуправа. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ упорно ја игнорирана оваа граѓанска петиција за да ги заштити своите бизнис интереси. И во однос на двете одлуки, ниту експертите не се консултирани и испочитувани.Затоа што изградбата на какви било бетонски објекти во езерото би ја нарушила универзалната вредност на езерото и живиот свет во него и од аспект на УНЕСКО и од аспект на заштитата на животната средина.“-рече Стојаноски.

Од СДСМ велат и дека дополнително по донесувањето на овие две одлуки била изгласана и одлука која се однесува на донесен детален урбанистички план за потегот од Рача до Велестово со површина од околу 3600 метри квадратни на кои се предвидени четири парцели на кои треба да се градат објекти за домување, а за која со оглед на масивноста на предвидените објекти од СДСМ се сомневаат дека е во интерес на граѓаните.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top