Од таму додаваат дека бесплатните паркинзи се ставени во функција на јавното претпријатие „Билјанини извори“ без одлука на Советот на општина Охрид.
Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно.
„Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат да паркираат во општина Охрид. Но фактите се сосема нешто друго, а тоа е дека постоеја слободни паркинзи на кои што граѓаните можат да паркираат, а за жал денес сме сведоци на новонастанатата ситуација во која едноставно и оние паркинзи, слободни, каде што граѓаните можеа бесплатно да паркираат, веќе се оградени и се ставени во функција на јавното претпријатие без никаква одлука на Советот на општина Охрид.“-рече Јован Стојаноски од Општинската организација на СДСМ.
На денешната прес конференција, Стојаноски се осврна и на она што според нив претставува неуспех на локалната самоуправа. Тој рече дека Охрид сеуште е без театар, соодветен зелен пазар, соодветна автобуска станица, без пешачка патека од мостот до Горица како и без среден функционален режим на сообраќајот во Охрид. Стојаноски додава дека покрај овие неуспеси, локалната воедно нема и јасна стратегија за тоа каде треба да се движи туризмот на Охрид и годинешната туристичка сезона ја оцени како една од најкатастрофалните досега.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град