СДСМ двојно го покачи надоместокот за колектор

СДСМ ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, но граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор, нови директори и нови непродуктивни вработувања, обвини денеска на прес конференција, претседателот на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

 |   | 


СДСМ ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, но граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор, нови директори и нови непродуктивни вработувања, обвини денеска на прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Охрид, Сашо Донев.  

„Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода. Во 2018 година со првото зголемување на надоместокот, граѓаните плаќаа 16,5 денари. Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, – кажа Донев.

Тоа  значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно, посочи Донев.

„Во услови на тешка економска криза, зголемен процент на невработеност и стопанство на колена, цената е двојно зголемена.“ – кажа Донев

Донев обвини дека надлежните власти не се способни да го решат проблемот со колекторскиот систем за што доказ бил  вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина кој утврди дека фекалии се излеваат во Охридското Езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top