Денешната 45та седница на Советот на Општина Охрид многу наликуваше на претходните
Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите на Европската унија е една голема нула. Секулоска кажа дека евидентна е пасивноста на центарот во изработката на проекти кои придонеле за развој на целокупниот југозападен плански регион.
Советникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев не се согласува со ваквата констатација на Дамоска. Тој вели дека регионалниот развој е базиран врз основа на Законот за регионален плански развој. Тунтев со став дека рамномерниот регионален развој пред се зависи од рамномерното однесување на централната власт кон сите општини.
Директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска се согласи со Тунтев, а и објасни на Дамоска дека извештајот за кој се дискутираше не е извештај за сработеното туку е извештај за реализација на финансискиот план. Лозаноска кажа дека тие досега имаат изработено осум регионални проекти, а за тоа јавно се пофалени од Локалната самоуправа и од Бирото за регионален развој.
Откако советниците се истрошија кај првата точка ги зафати летаргија. Освен што не и дадоа зелено светло на втората точка, предлог одлуката за давање согласност, за склучување на договор за соработка за воспоставување на регионален одбор за управување со отпад во Југозападниот плански регион сите останати точки ги изгласаа позитивно и тоа без дискусија. По паузата кога малку се подзакрепнаа и им се врати енергијата повторно ги видовме и слушнавме на говорницата каде дискутираа за точкатаПредлог Одлука за отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град