Сателитите на SpaceX, ќе се срушат на Земјата

49-те сателити на Вселенската компанија „Спејс-екс“ лансирани на 3 февруари ќе се срушат на Земјата. За жал, Земјата била погодена од геомагнетна бура што ја зголемила густината на атмосферата и предизвикала исфрлање на 40 од овие сателити од орбитата.

 |  Голабовски Крсте  | 

Според првичната анализа, геомагнетната бура ги спречила сателитите да излезат од безбедниот режим и да го започнат планираното движење низ орбитата. Како последица, 40 сателити ќе се вратат или веќе се вратиле во Земјината атмосфера, изјавиле од компанијата.

Од компанијата додаваат дека сателитите не се опасност за луѓето бидејќи биле дизајнирани за да се срушат на мали делови при влезот во атмосферата. Освен тоа, не постои ризик за судир со други сателити. Секој од сателитите тежи околу 270 килограми.

Геомагнетните бури се јавуваат кога Сонцето создава големи изливи на енергија од настани како сончеви одблесоци. Овие изливи може да создадат ветрови кои влијаат врз магнетното поле и атмосферата на Земјата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top