Шанкот „Корали“ целосно изгоре

Синоќа некаде оклолу 22 часот и  35 минути, избувна пожар на оваа атрактивна плажа.

 |  Николовска Биљана  | 
sank
шанк

Противпожарната единица стигнала навреме, но во цистерната немало вода, тврдат сопствениците на времениот објект. Тие велат дека пожарот е подметнат.

Огнените јазици во целост го проголтаа шанкот, од кој остана само неговиот скелет. Првичната проценка е дека материјалната штета изнесува околу 50 ооо евра. Еден од сопствениците на шанкот Зафир Петроски, вели дека Охридската Против Пожарната единица, стигнала многу брзо по пријавувањето на настанот, но не интревенирала навреме.

sankПожарникарот Блажески Љубен, кој синоќа бил дел од дежурната екипа која интервенирала при пожарот, тврди дека крајно професионално ја извршиле својата задача. Не само што многу брзо по пријавувањето на пожарот пристигнала екипата на критичното место, туку веднаш после тоа започнале со гасење на огнената стихија. Тврдењата на некои очевидци дека во цистерната на противпожарното возило немало вода, Блажески ги оценува како неосновани.

Блажески вели дека последниот збор околу пожарот ќе го кажат надлежните институции,но од СВР-Охрид, во интерес на постапката сеуште немаат излезено со извештај околу синоќешниот пожар
Исходот од истргата со нетрпение го очекува и Илија Џепароски,еден од сопствениците на плажата „Корали“.Тој зад камерата на ТВМ рече дека се сомненва дека пожарот е подметнат и тоа  најверојатно од конкурентите. Џепароски најави дека за 20 дена изгорениот шанк, ќе добие комплетно нов имиџ, каде гостите ќе можат да уживаат во невидена понуда на сонце, вода, плажа и угостителска услуга.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top