Санкционирани возила кои вршеле јавен превоз со неисправни кочници

На 10.11.2021 година од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници од кои, пет упатиле на технички преглед.

 |   | 

Кај две возила за јавен превоз, биле констатирани неисправни уреди за сопирање поради што се исклучени од сообраќај. Полициските службеници затекнале и санкционирале 28 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од пропишаната (Струга-19, Кичево-09), а во Дебар, од сообраќај исклучени се 2 возачи кои бесправно управувале моторно возило – информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top