Деновиве надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици извршија асфалтирање на повеќе локации на оваа улица и повеќе други локации каде биле извршени санации со бекатон плочки.
Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“.
ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт. Помеѓу неколкуте локации на кои се санирале ударните дупки се наоѓа и улицата „Егејска“ која пак засега е оставена недовршена. Дел од дупките се асфалтирани, а на дел е само исечен околниот асфалт и се оставени неасфалтирани. Логично доколку остатокот од зафатот бил оставен за некој друг ден. Се надеваме дека сепак санацијата не е завршена и дека и овие дупки ќе бидат пополнети, па граѓаните кои секојдневно поминуваат на овие локации, ќе можат побезбедно да се движат, а и да не си ги оштетат своите возила.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град