Ќе се санираат јужните ѕидини платна од Долни Сарај

„Овој зафат е неопходен затоа што прeстои опасност камењата кои се одронуваат да паднат врз посетителите“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали.

 |  Татјана Маленкова  | 

„Овој зафат е неопходен затоа што прeстои опасност камењата кои се одронуваат да паднат врз посетителите“, вели директорот на завод и музеј,Тања Паскали.

За историската вредност на овој локлаитет за ТВ М раскажува историчарот на уметност Гоце Ангеличин Жура.

Dolni SarajНационалната установа завод и музеј изготвува проект за санација и конзервација на јужните ѕидни платна од летната сцена Долни Сарај.  „Со оглед на многу лошата ситуација на ѕидините кои надвиснуваат над брегот на езерото, сметаме дека е неопходно да се изработи ваков проект со кој од министервото ќе побараме средства за да се санираат овие оштетувања, затоа што престои опсност некои од камењата кои веќе се одронати да паднат врз посетителите“, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали.

„Воедно со изработката на овој проект предвидовме и обновувања на постоечката пешачка патека која постоела од летната сцена со интерни скали па се до брегот на езерото. Овој проект е еден од нашите вон програмски активности за кои моравме да го направиме и да го заштитиме тој дел од крајбрежниот појас кој што е многу атрактивен и посетен од туристите“, вели Паскали.

„Состојбата на камењата на овој дел од сарајот е лоша. Нарушено е врзивното дејство на малтерите. Тој дел мора да се санира“, додава директорот на завод и музеј.

Потегот кај Долни Сарај во историјата е место кое што со текот на годините претрпело големи промени. Најстри документи за овој потег, набавил Никола Поп Стефанија кој бил хроничар библиотекар на Охрид, а живеел во времето од владиката КАЛИНИК и во времето на отпадникот од Турската Султанска власт Џелдин Бег.
Податоците говорат дека бегот на ова место за својата прва жена направил големи дворци. Фотографија од овој сарај направена во 1865 год, постои благодарение на Борис Чипан кој ја добил од некои Австријци кои го снимале Охрид.

Сарајот комплетно се уништува околу 1906 год. Овој потег помеѓу првта и втората светска војна било Српска и Бугарска џандармерија за после 1945 год да нема траги од тие работи. Скалите кои служеле за симнување од Сарајот до езерото постојат и денеска но се затрупани.

Инаку Министсрството за култура до крајот на јануари треба да ја објави програмата на одобрени проекти за 2010 година.

„Искрено се надевеме дека Проектот за скалите кај Долни Сарај ќе помине, и дека следната година, до почетокот на летната сезона ќе се реализира, велат од завод и музеј.
Вака изготвениот проект би бил уште една атракција за посетителите на Охрид, додаваат од таму.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top