Се санираат отворените шахти на „Железничка“

По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот.

 |  Наташа Размоска  | 
Zeleznicka
Железничка

По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку  одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови.
Zeleznicka
Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните, потенцира Ќато. Ние сме секогаш отворени за соработка во склоп на нашите можности и овластувања, вели раководителот на секторот за одржување и изградба на канализација.

Зоран Илоски технички директор на градежното претпријатие „Илинден“ вели дека во петокот отпочнале со санација на останатите шахти на овој коловоз. И од А.Д „Илинден“, како и од ЈП „Нискоградба“ велат дека санацијата на шахтите исто така не е во нивна надлежност.  И покрај различните ставови за надлежноста за санација на шахтите и двете претпријатија едногласни се  дека овој пат треба да се стави во употреба така како што е проектиран. Исто така, Илоски додава дека направен е целосен технички преглед и прием на овој магистрален пат и  за 5-6 дена би требало да се завршат сите започнати активности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top