Санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани

Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда.

 |   | 

Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда.

Се изврши замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала.

Од локалната самоуправа информираат дека вкупната вредност на работите изнесува 303.897,00 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година.

Санираниот објект наскоро ќе може да се користи за потребите на локалната заедница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top