Самовработување преку мерката „Од идеја до бизнис најуспешна во охридско“

Мерката на Агенцијата за вработување на РМ за самовработување „Од идеја за бизнис“ најпопуларна и најуспешна во Охридскиот регион. Според податоците кои ги пренесе Јован Баткоски, успешноста на оваа мерка е околу 75%.

 |  Николоска Биљана  | 

Широк спектар на активни мерки, програми и услуги креира Агенцијата за вработување на Р Македонија. Во тек се повеќе мерки и програми кои се спроведуваат, информира Јован Баткоски од Агенцијата за вработување на РМ од Охрид. Тој нагласи дека една од најпопуларните која постои веќе 10 години е мерката за самовработување, „Од идеја до бизнис“.

„Првиот циклус од оваа мерка за оваа година веќе започна, во нашиот центар аплицираа околу 30 лица од кои 19 успешно го положија тестот и ги остварија потребните предавања со обучувачите и одат во понатамошната фаза, изработка бизнис план врз основа на кој ќе регистрираат сопствен бизнис

Досегашното искуство на примена на мерката за самовработување „Од идеја до бизнис“, покажало дека оваа мерка има околу 75% успешност, вели Баткоски.

„Ова е една од поуспешните мерки дури е поуспешна од мерката кредитирање за започнување на сопствен бизнис, бидејќи таму станува збор за класичен кредит под поволни услови, и тоа на некој начин е куриозитет, но и самата мерката е така дизајнирана која овозможува една природна селекција на кандидатите и на крај да се одберат неколку кандидати кои ќе започнат успешен и одржлив бизнис“

Баткоски информираше дека во тек е огласот за програмата, самовработување со кредитирање, која ги опфаќа сите лица кои се евидентирани како активни баратели на работа независно од пол возраст и на која целна група припаѓаат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top