Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.
Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.
Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.
Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува Советот при решвањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.
СЕММ е невладина организација формирана од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 6 месеци. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или непрофесионално известување. Главното мото на СЕММ пак е – Колку повеќе саморегулација, толку помалку (државна) регулација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град