Саниран критичен дел од периметралните ѕидови на Самоилова тврдина. Тоа е во рамките на проектот на Завод и музеј Охрид за конзервација и санација на ѕидот во должина од 3 км.
Секој детал од Самоиловата тврдина има своја важност и треба да се открие. Многу делови на овој локалитет, заначаен за Охрид сеуште се затрупани под земја. Во тек се работите околу проектот за конзервација, санација и реставрација на самоиловата тврдина, цитаделата и периметралните ѕидови. Зафатите кои во моментов ги прави Завод и музеј Охрид, се одвиваат во фази, заради големите инвестиции кои се потребни. Во моментов, при крај се работите на првата фаза од откривање на дел од периметралниот зид што го обиколува градот. Неговата вкупна површина е 3 км што како проекција е предвидено да се уреди до крај. Архитектот и виш конзерватор која работи во тимот на овој проект Кочковска Елена вели дека е саниран најкритичниот дел од ѕидот, кој претставувал потенцијална опасност од евентулано одронување кон патот по кој децата одат на училиште.
Успех е да се реализира дел од проект, на она што значи главен атрибут на градот, тврдината, видлива од секаде, вели Кочковска. Таа додаде дека со реализација на зафатите околу параметралните ѕидови до крај, ќе се добие и патека за постапно стигнување до цитаделата.
Гледано од стратешки аспект, тврдините се посебно интересни. Кулите се поставувани на раздалеченост, главните на 30 метри, а споредните на 15 метри. Кочковска вели, доминира начинот на ѕидање од римскиот период, но има интервенции и од други периоди.
Ѕидовите се прават од автентичен материјал. Се става истиот камен кој се откопува, се внимава дури и лицето да е адекватно, потенцираше Кочкова. Таа додаде дека посебно се внимава и на безбедноста на работниците кои го ѕидаат, тие мора да носат заштитни маски и друга потребна опрема.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град