Само три пациенти со корона вирус се лекуваат во ковид амбулантата во Вевчани

Пандемијата во струшко стивнува. Изминатиов период се намалува бројот на новозаразени и хоспитализирани пациенти во болниците во Вевчани и Струга.

 |  Соња Рилковска  | 


Состојбата  во општина Вевчание стабилна. Во ковид амбулантата хоспитализирани се само тројца пациенти во моментов. Вирусот стивнува и на подрачјето на селата Лабуништа, Октиси, Татеши, Подгорци и Велешта.
Досега не се регистрирани  ниту заболени  со  британскиот сој на вирусот , кој во моментов е најзастапен во Охрид.
„Состојбата е стабилизирана епидемиолошки сликата  е под контрола. Во моментов во Вевчани имаме тројца активни позитивни во дневната болница во ковид амбулантата а на територијата што ја покриваме 15 лица“, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Во овој регион досега беа лекувани 250 заболени од корона вирусот , најркитично беше во Лабуништа,  а смртноста е околу  4 %, доста   поголема  во однос на  нивото  во  земјава.
 
„Голема бројка за нас со голед на капацитетите што ги имаме навистина голема бројка. Тоа е некаде 90% од вкупниот број на пациенти во болницата отпаѓаат на ковид пациентите. Немаме статистички бројки проецентот е некаде околу 4 или 4,5% поголем него на ниво на Македонија“, додава Стојкоски.

И  во Струга состојбата со корона вирусот е стабилизирана, таму моментално се лекуваат само 15 пациенти. Модуларната болница е веќе подготвена , но таа нема да биде ставена во функција се` додека нема забележителен пораст на заболени со корона вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top