„Адора Инженеринг“ во македонските бизнис кругови важи за синоним за успешно работење. Обичното да се направи благородно е главна девиза во работењето и остварувањето на сопственикот на компанијата Ванчо Чифлиганец. По повод една деценија на низа успеси излезе и монографијата „Само делата се вистина“.
„Само делата се вистина“. Излезе од печат монографијата на „Адора Инженеринг“, по повод 10 годишниот јубилеј на компанијата. На 150 страници од монографијата ги забележавме сите успеси од една плодна деценија успешна работа на полето на градежништвото вели Чифлиганец.
„Направивме над 1250 елитни станови, 1600 модерни паркинзи и 200 – 300 деловни простори и успеавме за овие 10 години. Успеав да направам компанија со сите брендови овие 10 години на 20 то место по успешност во Р. Македонија“.
Тајната на успехот според Чифлиганец е од ништо да се создаде многу. Во неговата монографијата „Само делата се вистина“, тој открива кој е клучот на успехот.
„Јас на чело со мојот тим успеавме за овие 10 години да направиме една успешна компанија. Во наредниот период само оние кои знааат и градат квалитетно ќе успеат на пазарот, а за останатите место нема. А јас верувам дека има такви кои знаат и умеат да останат на пазарот“.
Чифлиганец своја визија за работа и остварување има и за втората деценија од работата на „Адора Инженеринг“. Тој планира да продолжи со успешната приказна во градежништвото, но откри дека се подготвува за влез и во производството. Чифлиганец вели дека неговите тимови работат на изготвување на анализи, а крајниот резултат ќе биде изненадување за бизнисот во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град