Целта велат дека се задоволните потрошувачи, но и постојаното надоградување на персоналот и квалитетот на услугата. Нивниот 20 годишен јубилеј доби и хуманитарен карактер.
20 години убави, топли, привлечни и удобни домови, 20 години успешна бизнис приказна и задоволни потрошувачи. Салонот за мебел „Гир Риг“ од Лескоец денес прославуваше 20 години од своето постоење на пазарот во Охрид, а последниве години и на пазарите во Битола и Кичево. После толку долго опстојување на пазарот за мебел во нашиот регион, нивната цел останува кристално јасна.
„Наша цел е секогаш да бидат купувачите задоволни. Тоа го правиме со тоа што се стремиме кон еден целосен квалитет. Не само квалитет на производот, туку секогаш тука ни е и квалитетот на услугата. Ние секојдневно вложуваме во квалитетен персонал кој што е тука за да одговори на сите потреби и желби на купувачите, да им помогне да си изградат едни современи домови или деловни канцеларии со современ, квалитетен мебел.“-вели Ана Азеска, комерцијалист во салонот за мебел „Гир Риг“.
А 20 годишен јубилеј не е мала работа, токму затоа тие одлучиле овие дваесет години постоење да ги одбележат на еден посебен начин, воедно давајќи и хумана нота на целата приказна.
„Ние направивме едно мало дружење за сите наши сограѓани и пријатели кои ќе сакаат денес да дојдат во салонот во Охрид, да ги почестиме со скара, со пијалок за да наздравиме за јубилејот. Исто така денес, на овој ден имаме поголеми попусти за да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните и една хуманитарна страна на овој ден, односно во рамките на нашите можности ќе донираме средства за нашиот 11 годишен сограѓанин кој треба да прави операција во Пекинг.“-рече Азеска.
Инаку компанијата „Гир Риг“ е основана во сега веќе далечната 1994та година работејќи во салон со површина од само 80 метри квадратни за десет години подоцна да се префрли во сопствени простории на површина од 2500 метри квадратни.
Во 2009та „Гир Риг“ отвора салон за мебел и во Битола,а пред неколку месеци истото го сторија и во Кичево. Компанијата во својот бизнис соработува со некои од најпознатите домашни и странски производители на мебел како Алмак, 11ти Септември, Струма мебел, Нетам но и светски познатите Матис, Јела и Форма Идеале. Нека им е среќен роденденот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град