Саемите како модус на промоција, да или не?

Саемите многу и не ветуваат во ерата на телекомуникациите, но пак се незаменлив начин за непосреден контакт помеѓу оние кои нудат и оние кои бараат.

 |  Крсте Голабовски  | 
saem za turizam
саем за туризам

Некои успешни, некои помалку успешни. Но колку навистина истите помагаат за развојот на оваа комплексна стопанска гранка треба сериозно да се дискутира. Неодамна Општина Охрид и Регионалната стопанската комора преку занаетчиството и туризмот, го претставија Охрид на ВИРОЕКСПО саемот во Хрватска.

саемВо последно време многу слушаме и гледаме за саемите. Дали сеуште саемот е единствено место каде контактите помеѓу оние кои нудат и оние кои бараат, може непосредно да се остваруваат? Сведоци сме на посети на наши делегации, организирани било на локално или централно ниво. По некој семинар умееме и да организираме од време на време, но во воздух стои прашањето за тоа колку овој начин на промоција на туризмот е ефикасен и колкав е бенефитот од него? Неодамна преку Охридскиот бисер и резбата, уште еднаш беше претставен Охрид и неговите туристички потенцијали, овојпат на еден од најголемите стопански саеми Вироекспо, во Вировитица Хрватска. Антонио Балески од секторот за ТЛЕР Општина Охрид, вели дека и покрај нивниот застарен облик, саемите сеуште се незаменлив инструмент за промоција, барем што се однесува до контактите.

Покрај претставникот од секторот за ТЛЕР, на саемот учествуваа и претставници од Регионална Стопанска Комора, кои беа и во составот на Официјалната Делегација на Република Македонија предводена од Амбасадорот на Република Македонија во Хрватска Данчо Марковски. Ружди Муфти од Регионалната стопанска комора, истакна дека станува збор за стопански саем, на кој идејата била да се презентира бренд кој навистина ќе биде интересен за една од најразвиените туристички дестинации. Изборот паднал на Охридскиот бисер и резбата. Муфти вели дека како град многу имаме што да им понудиме, буквално на сите.

Охридскиот бисер изработен од Климент Талев кој и бил подарен на хрватската премиерка Јадранка Косор, бил вистински погодок, вели Климент Талев. Премиерката Косор била воодушевена од податокот дека примероци од охридскиот бисер носат многу  светски познати личности. Понудениот подарок, претходно одобрен од службите на протоколот, според Талев, завршил во вистински раце.

Иако многумина од охридските туристички работници биле информирани за посетата на саемот, сепак само еден претставник од нив бил присутен во делегацијата. Дали пресудил фактот што требало сами да ги покријат трошоците за пат и учество на саемот или тоа дека станува збор за стопански саем,а не саем само за туризам кој знае? Како и да е сеуште никој ни од секторот за ТЛЕР ни од Агенцијата за промоција и развој на туризмот не излегол да каже, конкретно колкавав бил бенефитот за туризмот во Охрид од посетата или организацијата на саемите, било да се регионални или меѓународни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top