Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.
Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.
САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО, изјави на сребата со новинарите американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Исто како вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во алијансата.
„Има само еден пат до членство во НАТО, а тоа е едногласна согласност на сите членки на алијансата. Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме во тој правец, а тоа не важи само за вас, туку и за другите држави“ , изјави Роберт Гејтс Секретар за одбрана на САД.
Гејтс ги охрабрува Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името. Тоа е во најдобар интерес за двете страни, додаде американскиот секретар за одбрана.
Гејтс побара од Македонија да испрати воени единици во Авганистан. „ Ситуацијата во Ирак продолжува да се поправа. Затоа ве охрабрувам да размислите за испраќање ваши воени сили во Авганистан“.
На заедничката прес конференција, македонскиот Министер за одбрана, Зоран Коњановски, потенцира дека доаѓањето на Гејтс во Охрид значи силна подршка за нашата земја.
Коњановски потенцира дека Македонија ќе продолжи да работи во интерес на процесот на стабилизација и безбедност на регионот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град