Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв.

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на првата помош Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 12.09.2020 (сабота) во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 ч.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите. Ако се чувствуваш здрав и имаш помеѓу 18 и 65 години, биди херој и дарувај крв.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град