Руралниот туризам во слаб подем

На странците ретко  им се нудат туристичките можности во руралните средини.

 |  Валентина Нелоска  | 
ezero
езеро

Охридското подрачје покрај езерскиот туризам има голем капацитет за развој на еко или селски туризам. Природни убавини има на претек во селата како што се Лакочереј, Скребатно, Елшани, Велестово од цркви па се до излетнички места.

ruralenВо околината постои и ликовна Галерија сместена во селото Белчишта, а која досега не им е презентирана на туристите иако поседува околу 500 уметнички дела од домашни и странски уметници.
Секторот за туристички и локален економски развој организира  разни манифестации како Ѓомлезијадата или  Лето 2009 со кои  нуди и развој на руралниот туризам.
Но, на странските туристи засега не им се нудат руралните можности признаваат туристичките агенции. Проблемот го лоцираат во  слабата соработката со организаторите. Велат сепак има решение за подобрување на ситуацијата.

„Треба само да бидеме поинформирани она што го нудат општината и организаторите со цел да се промовираат тие активности од страна на туристичките агенции“ вели долгогодишниот туристички работник Елида Битракова од туристичката агенција „ЕлидаТурс“.   

Туристите во последно време бараат нови форми што сакаат да ги видат и доживеат тука, а ги  нема во нивните средини велат туристичките работници. Ги поздравуваат манифестациите како што се Ѓомлезијадата и рекреативниот маратон по велосипедизам во Националниот парк  Галичица и велат дека тие ќе привлечат голем број странски посетители.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top