Се подготвува стратегијата за рурален развој на Општина Охрид

Преставници од МЗ на руралните средини ги пренесоа своите искуства и забелешки околу развојот на руралниот туризам во нивното место на живеење. Секторот за локален економски развој ќе ги искористи истите при донесувањето на стратегијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
куратица
kuratica

Дел од жителите на планинските села Куратица, Свињишта, Плаќе, Завој, Речица и Опеница ги пренесоа своите искуства и забелешки околу развојот на руралниот туризам во нивното место на живеење. Истите ќе им помогнат на стручните лица во Секторот за локален економски развој при подготвување на стратегијата за рурален развој на Општина Охрид. Во моментов интензивно се работи на свот анализата која пак треба да покаже колкава е оправданоста за развој на рурален туризам во овие места.

Нашата намера беше изработката на стратегијата за рурален развој да направи баланс помеѓу развојот на руралните средини, а од тоа сите да имаат бенефит и мештаните и општината, вели  Антонио Балески од ТЛЕР.kuratica

Охридскиот регион со езерото, високите планински масиви, реките и чистиот воздух, живописните селски населби со домаќинства,  се смета за подрачје со висок потенцијал што треба да се искористи за развој на руралниот туризам, вели Балески.  Последниве години руралниот развој во Охридскиот регион заживеа, но по се изгледа дека уште многу треба да се направи за селата во овој крај да доживеат подем и да станат атрактивни и економско исплатливи туристичка дестинации, додава тој.

Покрај можностите и потребите за развој на руралниот туризам постојат и програми и средства за заживување на истиот. Треба да се искористат парите од европските фондови, но за тоа треба да се изготват добро осмислени проекти, вели Балески.

Инаку, ова беше трета средба на преставници од руралните средини и ТЛЕР. Ќе се одржи уште една, завршна средба после што ќе се премине кон изготвување на стратегијата

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top