РСБС: „Животот е во твоите раце“

Продолжуваат едукативните трибини кои ги спроведува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На ред е Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Продолжуваат едукативните трибини кои ги спроведува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На ред е Охрид.

decaРепубличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за утре на 11-ти март 2016 година ја најавува четвртата во низа едукативни трибини наменети за младите, која овој пат ќе се одржи во Охрид.

На трибината планирано е да се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, како на пример велосипедите, ролерите, пешачењето и слично, можат да донесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Доплонителна тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност.

На трибината ќе се обратат Љупчо Ставревски, претставник на РСБСП; проф. д-р Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола; Стефан Димоски, претседател на ОСБСП Охрид и портпарол на СВР Охрид и Сашо Ванчевски, генерален секретар на Велосипедска Федерација на Македонија (ВФМ).

Настанот ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Охрид, со почеток во 18:00 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top