Ротаријанците со хуманитарни пакети за социјалните семејства

Ротари и Ротаракт клубот од Охрид уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Составија околу стотина пакети со прехрамбени продукти и средства за хигиена за социјално загрозените семејства од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
socijalni paketi
социјални пакети

Нова хумана акција на Ротари и Ротаракт клубот од Охрид. Денес ја организираа веќе традиционалната добротворна акција во која тие помагаат на социјално загрозените семејства од Охрид.

Rotari paketiАкцијата ја нарекоа мала и скромна, но нејзиното значење веројатно најдобро го разбираат  оние кои се всушност и целта на оваа акција. Од Ротари клубот „Охрид“ велат дека на нивно задоволство во изминативе две години, акцијата станува се помасовна и поуспешна.

„Се работи за составување на годинава веќе повеќе од 100 пакети со основни прехрамбени продукти и средства за хигиена за социјално загрозени семејства во Охрид кои ги предаваме на Црвениот крст, а тие понатака ќе ги дистрибуираат според списоците кои ги поседуваат. Тоа е еден скромен придонес и го сфаќаме како обврска за да помогнеме онаму каде што треба во вакви моменти, празнични како новогодишните и божиќни празници.“-вели Владо Павлоски-Претседател на Ротари клуб-„Охрид“

Освен оваа благородна акција за донирање на овие социјални пакети, Ротари и Ротаракт клубот Охрид покажаа уште еден голем гест на хуманост.

donacija socijalni paketi„Нашиот клуб одлучи да прибере една скромна сума на пари за семејството на кое му изгоре куќата како што знаат граѓаните на Охрид пред новогодишните празници, во месец Декември, така што одлучивме со еден износ од 30.000 денари да им ги честитаме новогодишните и божиќните празници за да им се најдат на луѓето.“-рече Павлоски.

Од Ротари клубот уште најавија дека деновиве ќе финишира и големата акција „Месец на отворено срце“ за набавка на специјално возило која ја спроведуваат заедно со претпријатието „Отпад“, лајонс клубовите од Охрид, локалната самоуправа, ЈП „Охридски комуналец“ како и градинките и основните и средни училишта од градов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top