Романската атлетска ѕвезда во Охрид

После пауза од една и пол годнина, Марјан Опреа се враќа на атлетиката.

 |  Крсте Голабовски  | 
Marjan Oprea
Марјан Опреа

Marjan OpreaТој ќе биде еден од учесниците на првиот меѓународен атлетски митинг „Охрид 2010“.
Опреа е носител на сребрен медел од Олимписките Игри во Атина во дисциплината три скок со прескокнати 17.81м.

Освојувачот на среброто од Олимпијадата во Атина, романскиот шампион во три скок, Марјан Опреа во Охрид. После пауза од една и пол година поради повреда, овој атлетичар од светска класа ќе ја рестартира својата кариера токму на првиот меѓународен атлетски митинг во Охрид. Олимпискиот вицешампион и освојувачот на бронзата од Светското првенство во атлетика во Хелсинки, вели дека повредата е санирана и тој е подготвен за нови резултати.

Опреа вели дека секој почеток е тежок, посебно после направена подолга пауза, но се чувствува дека е во добра форма и ќе брка добар резултат. Се надева дека во периодов кој е пред него ќе успее да го подобри својот личен рекорд од 17, 81, па дури е и подготвен да ја надмине бариерата од 18, 00. Опреа го поздравува ентузијазмот и организацијата на митингот, потенцирајќи дека вистински рецепт за успешен митинг е вистинска и квалитетна конкуренција.

На митингот атлетичарите ќе се натпреваруваат во 13 дисциплини. Мажите во трките на 100, 200, 400 и 800 метри, во трискок, фрлање копје и ѓуле, додека жените ќе трчаат на 100, 400, 800 и 1.500 м., ќе се натпреваруваат и во фрлање ѓуле и во трискок. Митингот е во организација на атлетскиот клуб Охрид а на новата патека ќе продефилираат околу стотина атлетичари од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Турција и Романија .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top