Програмата за советување со родители интензивно се спроведува во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ и електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“.
Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца.
„ Во досегашниот период, значи за првото полугодие имаме реализирано околу 60 советувања, се врши групно, родителите доаѓаат групно во однос на три групи на ученици и тоа едни ученици имаме со намален успех, со три или повеќе единици, ученици кои изостануваат од училиште, кои имаат повеќе од 100 оправдани и 10 неоправдани изостаноци и ученици кои несоодветно се однесуваат.Со оваа програма, во однос на одзивот на родителите гледаме дека има голема заинтересираност, голем одзив и задоволство кај родителите затоа што се повеќе се вклучени во училишниот живот на учениците. “-вели Весна Спасеска-психолот при ОУТУ „Ванчо Питошески“
Мерката добро функционира и се спроведува и во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“.
Директорот на оваа институција, Јане Цаноски вели дека до пред неколку години состојбата во поглед на проблематични ученици во ова средно училиште не била баш најдобра. Минатата година направиле вкупно 135 вакви советувања поради намален успех и нередовно посетување на наставата.
„Имаше доста работа стручната служба, имаа голем ефект ќе повторам, имаме голем напредок и во поведението, а пред се во успехот на учениците. Јас ќе ги споменам бројките од последниот наставнички совет, мислам дека минатата година беа околу 48 проценти од учениците со позитивен успех во нашиот центар, оваа година веќе на полугодие се 58 проценти од учениците. Се работи за еден одличен процент на подобрување и верувам дека овој тренд ќе го задржиме и во наредниот период.“-рече Јане Цаноски-Директор на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.
Овие советувања со родители станаа задолжителни со измените на Законот за средно образование направени во февруари 2011та година. Истите се свикуваат по повеќе основи и тоа ако ученик во текот на наставната година има негативна оценка по три или повеќе предмети, ученик има направено повеќе од 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, доколку ученикот е недисциплиниран, го навредува наставникот, учествува во тепачки или друг вид на насилство, покажува асоцијално или антисоцијално однесување, се однесува неморално или неетички, и во краток период значително му опаднал успехот. Инаку, советувањата ги вршат психологот или педагогот од училиштето, а доколку родителите не се јават на поканата за советување, предвидени се и парични казни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град