Се роди првото бебенце во Охрид во новата година

Радосната вест да биде уште поубава, Охрид на 1ви Јануари стана поброен за уште две нови бебенца, како и едно родено на истекот од 2013та. Градоначалникот Бакрачески денес ги посети среќните мајки и им ја честита Новата година. Тој рече дека ако по утрото денот се познава, 2014та година ќе биде бериќетна за Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
prvo bebe
прво бебе

Првиот ден од новата година весел, плоден и бериќетен. На гинеколошкото одделение при Општата болница се роди првото бебенце во Охрид. Радоста да биде уште поголема, во одделението на свет дојдоа уште две нови бебенца како и уште едно бебенце родено на истекот од 2013та година.

bakraceski prvo bebeДенес, градоначалникот Никола Бакрачески ги посети четирите среќни мајки и им ја честита Новата година и им подари цвеќе, како и награда од 10.000 денари за првороденото бебе.

„Јас сакам да им честитам на мајките, да им посакам бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги следи во тек на целиот живот, успесите и достигнувањата да не ги одминат во текот на целиот живот. Сакам да им честитам и на персоналот, на докторите и останатиот помошен персонал на одделението за гинекологија, за успешно изведените породувања кај сите четири бебиња и очекувам за оваа година, како што почна со првиот ден од 2014 година, да продолжи и во текот на целата година.“-рече градоначалникот Никола Бакрачески.

ginekologija timД-р Мимоза Влаши која го извршила породувањето вели дека сите мајки и нивните бебиња се во добра состојба.

„Во тек на дежурството вкупно имавме четири породувања, од кои едното на 31.12.2013 година, последно бебе во 2013 година и три новороденчиња во 2014 година. Првото бебе е женско бебе, од мајка второротка, со родилна тежина од 2 килограми и 970 грама и 51 сантиметар должина. Сите мајки се во добра состојба, исто така и новороденчињата. Посакуваме и понатака да имаме што повеќе убави и здрави бебиња.“-вели д-р Мимоза Влаши од гинеколошкото одделение при Општата болница од Охрид.

Градоначалникот Бакрачески вели дека ова е одличен  почеток во насока на зголемувањето на наталитетот во Охрид за кој вели дека бележи пад. За оваа година, вели дека локалната ќе се обиде да придонесе во зголемувањето на наталитетот.

prvo bebe 2014„Усвоивме одредена сума на пари, финансиски средства за буџетот во 2014та година односно ги предвидовме во буџетот за 2014  со кои што покрај мерките на Владата на Република Македонија имаме намера да секое првородено и второродено дете го наградиме со сума од 5.000 денари со што ќе дадеме еден мал допринос во општата кампања на целокупното општество во Република Македонија за зголемување на наталитетот, затоа што верувајте, без зголемен наталитет, не можеме да планираме некој голем раст и развој воопшто на заедницата и општеството.“-изјави Бакрачески.

Се чини охриѓани на почетокот од оваа година, го добија најубавиот можен подарок, и тоа не еден, туку четири, нови охриѓанчиња. Нека се живи и здрави!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top