Сето ова можеа да го видат основците од охридските училишта на отворениот ден во Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“. Ова, и многу други активности се дел од програмата на ова средно општинско училиште за одбележување на нивниот патронен празник.
Интересен робот што сам се движи низ просторот, електрични светилки кои се палат и гасат последователно, 3Д анимации на изработка на машински делови, и декорирање и средување на нокти.Ова шаренило денес можеа да го видат учениците од основните училишта од градов, на отворениот ден во Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид.
„Денес е убав ден, празник за нашето училиште, ден кога го чествуваме големото дело на нашиот учител, токму затоа го посветивме на младите основци“ рече директорот на ова средно општинско училиште, Јане Цаноски.
Тој се заблагодари на директорите на охридските основни училишта за покажаниот интерес на отворениот ден во електромашинскиот училишен центар.
„Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во пладневните часови реализиравме отворен ден, наменет за учениците од основните училишта. Деветтолетките ни се во посета на нашето училиште и имаа можност да ги видат сите активности на нашите ученици. Тука се оние творби, проектни задачи кои ги изработуваат секој во својата струка, во својот образовен профил на часовите по практична настава. Една одлична можност да им помогнеме на тие наши идни ученици да си го најдат вистинскиот пат, да направат вистински избор при уписот во средното образование.“-вели директорот на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, Јане Цаноски.
Чествувањата по повод нивниот патронен празник, продолжуваат до крајот на денешниот ден.
„Продолжуваме и вечерва со програмата со онаа презентација по штандови во овој наш, убеден сум, дека е прекрасен простор, ќе биде добро уреден и вечерва ќе одиме со презентации од нашите ученици на штандови, ќе можат да се изведуваат некои дополнителни активности од на пример лични услуги, ќе одат со некои дотерувања на нокти, шминка, сето тоа ќе биде во аулата на нашето училиште. Ќе одиме и со презентација на активности, проектни задачи на наши ученици од останатите струки, ќе ги споменам електротехничката струка, машинската струка и сообраќајната струка.“-рече Цаноски.
Во текот на вчерашниот ден пак, а по повод патрониот празник, се реализирал и проектот „Големи и мали“ проект кој се однесува на спортски активности во кои учество зеле ученици, родители и професори, со цел во една неформална средина и релаксирана атмосфера што подобро да се запознаат меѓу себе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град