Куќата на Робевци целосно ќе се обновува

Во Куќата на Робевци ќе биде претставена и реконципирана поставка посветена на животот на ова старо охридско семејство. Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
куќата на робевци
kukata na robevci

Куќата на Робевци целосно ќе се обновува. Внатрешноста на еден од најрепрезентативните градски објекти во Охрид ќе добие нов лик, најави  министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска.kukata na robevci

Наскоро со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“ целосно ќе се обнови и ентериерот во Куќата на Робевци, во кој ќе биде претставена и реконципирана поставка, посветена на животот на ова старо охридско семејство, рече Канческа – Милевска.promocija

Министерката рече дека Охрид како бедем на македонскиот национален идентитет и како научен и културен центар кој ја промовира Македонија ужива огромна поддршка и заштита од страна на државата. Таа додаде дека Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатиот период реализираа низа капитални инвестиции преку кои настојувале да го сочуваат вредното културно наследство кое го поседува Охрид и да го промовираат во меѓународни рамки. Како што нагласи таа и овој проек е во функција на збогатување на понудата за граѓаните и странските посетители, за поттикнување на културниот, туристичкиот и економскиот развој на државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top