Во Македонија при сообраќајки се користи Европскиот извештај

Во Македонија подолг период се применува Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Овој формулар се пополнува при сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Формуларот се пополнува во согласност на двете страни без да се повика полиција на увид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Evropski izveshtaj
Европски извештај

Во Македонија подолг период се применува Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Овој формулар се пополнува при сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Формуларот се пополнува во согласност на двете страни без да се повика полиција на увид.

Evropski izveshtajЕвропскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина.

Иако законски формуларот се применува подолг период возачите делумно се запознаени со истиот.

Формуларот се добива при регистрација на возилата. Обврската за информирањето на возачите ја имаат осигурителните компании, кои формуларот им го издаваат на сопствениците на автомобилите. Од СВР Охрид велат дека поголем дел од незгодите во Охрид се тежнее да се решат по основа на Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Една од целите кои треба да ги постигне овој формулар е да се спречи честата пракса на прикажување на повисоки износи на штета од страна на учесниците во сообраќајната незгода.

Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина. При сообраќајна незгода со мала материјална штета, формуларот се пополнува и се разменуваат полисите за осигурување.

Доколку возилата не ги отстраните од местото на несреќата и повикате полиција при тоа инсистирате да ви направи увид, полицијата ќе ве казни со 250 евра.

Европскиот извештак се пополнува во случај : кога се работи за мала материјална штета односно кога е настаната штета на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.

Спротивно на ова Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјлна штета, доколку тоа го бара едниот од учесниците во сообраќјната незгода и тоа во случаи, кога: кога има повредени лица, едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано, едно од возилата има странски регистарски таблици,  еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, еден од возачите не поседува ссодветна возачка дозвола, еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно потадоците за возилото, еден од возачите го напуштил местото на сообрќајната незгода.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top