РК Охрид утре на домашен терен против Радовиш

Утре охридските ракометари го пречекуваат Радовиш. Иако се фаворити велат дека ќе играат без потценување на противникот кој во летниот период се засили и игра добро во одбрана.

 |   | 

Ракометарите на Охрид, во четвртата рунда во Супер лигата в сабота на домашен терен го пречекуваат клубот од Радовиш. „Гладијаторите“, иако ја имаат фаворитската улога подготвени се да дадат максимум без потценување на противникот.

„Ни доаѓа добра екипа која доста се засили во летниот период и не е воопшто за потценување. Со помош на публиката и добра игра во одбрана треба да го добиеме овај натпревар и да ја оправдаме фаворитската улога.- вели Иван Тасески.

Тасески додава дека иако оваа сезона играм на друга позиција во одбрана, тоа не му претставува проблем. Новото засилување во охридскиот состав, црногорецот Филип Кривокапиќ има само пофални зборови за управата на клубот и соиграчите. Вели дека се прилагодил на клубот и подготвен е да ги покаже своите можности.

„ Мислам дека навивачите очекуваат многу од мене и се надевам дека со мојата игра покажувам дека засега се е во ред и од натпревар во натпревар ќе бидам се подобар и се надевам дека веќе утре ќе освоиме нови три бода за Охрид.“– изјави Кривокапиќ.

Натпреварот помеѓу Рк Охрид и Радовиш  во СРЦ „Билјанини Извори“, започнува во 19 часот.  И двата клуба имаат по шест бодови и ја делат четвртата позиција на табелата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top