РК „Охрид 2011“ во сигурни раце

РК „Охрид 2011“ во сигурни раце. Со него ќе управува Локалната самоуправа, која на самиот старт пред влез во ракометната супер лига  финансиски го зајакна со 25 илјади евра. Очекувањата на градоначалникот Бакрачески се дека охридските ракометарите ќе станат не само силна организациска структура туку дека ќе прераснат во екипа која ќе има успех во клубското натпреварување.

 |  Николоска Биљана  | 
RK Ohrid 2011
РК Охрид 2011

bakraceskiЛокалната самоуправа на Охрид им даде силна поддршка на охридските ракометари за влез во ракометната супер лига.  „Нормално беше да се прифати понудата од Ракометната федерација на Р. Македонија, на местото од РК Струга, во супер лигата да влезе охрисдкиот РК, и затоа со финансиска инекција од 25 илјади евра до помогнавме РК „Охрид 2011“, вели првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој додаде дека реализацијата на оваа финансиска поддршка следи како резултат на пошироката координација со спортските работници и со вклучувањето на бизнис заедницата.

 „На општо задоволство на сите спортски работници и на стручните служби кои што се ангажирани во спортот во Лолакната самуправа, ја прифативме таа идеја да Локалната самоуправа го преземе раководењето со РК и така дојдовме до идеја во широка консултација и со бизнис заедницата без која што секако и тоа како ни е потребна нивната помош, бидејќи без нивна поддршка не ќе можеме долгорочно да го гледаме успехот на овој ракометен супер лигаш“.

andonoskiФинансиската поддршка на Локалната самоуправа за почеток е повеќе од доволна, не го крие задоволството од тоа, тренерот на РК „Охрид 2011“. Горан Андоноски. Тој доддава дека тоа треба да го возвратат во голема мерка и ги повика сите љубители на ракометот во недела во Спортската сала Билјанини извори да дојдат и да ги поддржат на вториот натпревар.

 „Почнуваме без никакви нервози, голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и локалната самоуправа кои не само што финансираа, добивме и многу други погодности“.

Градоначалникот Бакрачески уверува дека само со здрава основа и добра финансиска конструкција охридскиот ракометен клуб може долгорочно да опстојува, што е една и од главните цели на Локалната самоуправа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top