Рибократците се криминалци

Оваа влада со сите средства ќе се бори, против нивно сузвивање, најави министерот за земјоделие Ацо Спасеноски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aco Spasenoski
Ацо Спасеноски

Оваа влада со сите средства ќе се бори, против нивно сузвивање, најави министерот за земјоделие Ацо Спасеноски.

Тој вели дека овие мерки ќе важат се додека експертитат не дадат зелено светло дека пастрмката ја има во доволна количина и  дека  во самоиздржлива големина.

Се уништија запленетите рибарски мрежи.Министерот за земјоделие Ацо Спасеноски, лично присуствуваше на нивното уништување.

AcoSpasenoski„Во последните 7-8 месеци рибочуварската служба при министрството за земјоделие заплени повеќе од 2300 мрежи кои беа извадени директо од езерото“, истакна министерот.

Министрвата за внатрешни работи и земјоделие, спроведува континурани акции, за сузбивање на криминалот со риба. Владата за во иднина најавува поригорозни мерки, со цел искоренување на овој вид на криминал.

Шпекулациите дека запленетатата риба не завршува каде што треба, ги побиваат од државниот инспекторат.

Инаку, Охридското Езеро вчера беше порибено со 50 илјади единки подмладок охридска пастрмка, обезбеден од минатогодишниот мрест, а во Хидробиолошкиот завод се одгледуваат уште 1,9 милиони единки со кои ќе се изврши порибување наесен. Досега езерото е порибено со 6,5 милиони единки пастрмка, а со модернизацијата на мрестилиштето, што се изврши со донација од 130 000 евра на кралството Норвешка, ќе се зголеми капацитетот за вештачко одгледување на подмладок на риба во Хидробиолошкиот завод.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top