Режисерот Илија Пиперкоски годинава со полни раце работа

Илија Пиперкоски пролетва ќе ја снима првата хорор приказна во Романија.

 |  Тања Маленкова  | 
Piperkoski Ilija
Пиперкоски Илија

Piperkoski IlijaПиперкоски во 2011 год. со гордост најавува дека ќе работи на својот  дебитански игран филм.
Младиот охридски режисер Илија Пиперкоски годинава го очекуват многу работа и ангажмани.
„На крајот од месец јуни и почеток на јули договорено е снимање на среднометражен филм за кој режисер и извршен продуцент сум јас, а сценариото е од колеги од Романија“, вели Пиперкоски.                                   

Станува збор за првата хорор приказна која ќе се снима во земјата на грофот Дракула, Романија.
Во моментов Пиперкоски е асистент кај еден режисер со Македонско потекло, добитник на врвната награда Сребрен лав во Венеција во 1991 год.

Пиперкоски кој досега сам ги финасираше своите проекти, за годинава најавува многу повеќе работа но и големи зафати за кои пари ќе обезбедат европски земји.  
„Вратите почнаа да ми се отвораат. Станувам афирмирано лице и се надевем дека се ќе си дојде на свое место“, вели Пиперкоски.  

Инаку, младиот охридски режисер, минатата година ја освои втората награда на јубилејното триесето издание на фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“ во Битола, за филмот „Крв и мед“ кој беше прикажан во рамки на програмата “Манаки Скрипт Корнер“ која  е новина на фестивалот и има за цел  да промовира, помогне и школува млади филмски автори.
Годинава неговата екипа од Романија ги снимаше случувањата за празникот Богојавление – Водици, а филмот кој сеуште се монтира ќе биде прикажан на филмски фестивали во Европа, за ТВ М најави Пиперкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top