• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Револтирани родители на средношколци се жалат на пропусти во бесплатниот превоз на децата

Револтирани родители на средношколци се жалат на пропусти во бесплатниот превоз на децата

Велат дека од пред некоја недела  учениците кои го користат бесплатниот превоз  може да се возат само во однапред одредени термини, еден претпладне и еден попладне.

 |  Мишел Наумоски  | 
abtobus
автобус

Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од  училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или пак да си одат дома со редовен превоз и за тоа да платат билет, за кој Министерството за образование веќе обезбедило средства.

skolski prevoz„Моето дете чека автобус во Охрид и го чека автобусот кој оди во 7:30. Безразлика колку часа таа има во денот, мора да си замине во 7:30 од Охрид за Струга. А ако оди со друго возило, пред 7:30, од Галеб, треба да плати. Исто се случува и од Струга за Охрид. На ова време да чекаме за бесплатниот превоз кој ги чини учениците здравје, настинки, не знам што да речам, тоа не е добро. Тоа е едно малтретирање страшно за учениците.“-вели анонимен родител.

Ситуацијата е иста и со превозот од руралните средини до Охрид.
Со оглед на тоа што локалните самоуправи се задолжени за склучување на договори со превозниците, побаравме одговор токму од локалната.

avtobuska stanicaПортпаролот Томе Џамтоски, ни рече дека превозниците возат според правилник кој го донесува Министерството за образование и наука и дека улогата на локалната е само во делот на јавниот повик за избор на превозник.

„Тоа е јавен повик според услови кои ги распишува општина Охрид. Тие одговараат на тој јавен повик, понатака, во делот како ќе го вршат тој превоз, во однос на децата, тоа се регулира меѓусебно меѓу оној што го добил тендерот или во случајов АД „Галеб“ од Охрид и Министерството за образование и наука. Ние како локална самоуправа во тој дел не можеме ништо да реагираме.“-рече портпаролот на локалната самоуправа, Томе Џамтоски.

Портпаролот пак на Министерството за образование и наука, Давор Политов го тврди сосема спротивното.

prevoz za ucenici„Целата надлежност за организација на бесплатниот превоз на учениците е во надлежност на самите општини, на единиците за локална самоуправа. Секој градоначалник, односно службите, се надлежни да организираат превоз во групи на учениците. Тоа на нивна организација останува. Како планираат да го организираат превозот, треба да биде нивен план, нивна организација. Дали ќе ги организираат учениците во групи според часовите кои ги имаат на дневна основа, доколку има ученици кои што имаат четири часа, за таа група да се организира превоз по завршувањето на четвртиот, последниот час. Доколку  имаат шест часа, тогаш по завршувањето на шестиот час, учениците да бидат вратени од училиште до нивните домови.“-изјави Давор Политов, портпарол на Министерството за образование и наука.

Портпаролот Политов уште потенцираше дека доколку родителите имаат било каков проблем околу ученичкиот превоз на нивните деца, тоа да го пријават до државниот просветен инспекторат. Сепак останува фактот дека додека надлежните дискутираат чија е обврската да го организира ученичкиот превоз, децата на овие зимски температури ќе си го чекаат единствениот превоз до дома…или пак ќе си платат редовен билет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top