Од утре до 28-ми март, во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“, охриѓани ќе имаат можност да проследат ревија на српски филмови.
Во организација на Српско-македонското душтво „Коштана“, бесплатната ревија на познати филмски остварувања од нашиот северен сосед ќе ја збогати културната понуда во градов. Паралелно со ревијата, ќе биде организирана и изложба на уметнички дела на академскиот сликар Мирослав Масин и повеќе локални уметници.
Со помош на филмот и ликовната уметност, здружението „Коштана“ се обидува да ја прошири соработката помеѓу Македонија и Србија во областа на културата. За таа цел во деновиве е организирна ревијта на српскиот филм.
Свеченото отварање на ревијата е закажано за 25-ти март, со почеток во 18:00 часот. Првата проекција е резервирана за филмот „На убавиот син Дунав“, на режисерот Дарко Бајиќ. За 26-ти март се предвидени две проекции и тоа од 18:00 часот филмот „Ние не сме ангели 2“ на режисерот Срѓан Драгоевиќ и од 20:00 часот „Буре барут“, филм на Горан Паскаљевич, снимен според истоимениот драмски текст на македонскиот автор Дејан Дукоски.
Во петок, ревијата на филмови продолжува со насловите „Мал свет“ на Милош Радовиќ и уште едно режисерско остварување на Срѓан Драгоевиќ – „Рани“. Ревијата завршува на 28-ми март со проекцијата на филмот „Чарлстон за Огнјенка“ на режисерот Урош Стојановиќ. Филмот „Чарлстон за Огнјенка“ е филм кој влегува во категоријата високобуџетни филмови, познат по воведувањето на новитети во српската кинематографија, како што се специјалните ефекти. Паралелно со филмската ревија во галеријата на Н.У. Центар за култура во Охрид, ќе биде организирана изложба на уметнички дела на академскиот сликар Мирослав Масин и повеќе локални уметници.
За крај е предвидена српска вечер во хотелот „Белведере“, каде членовите на друштвото „Коштана“ ќе го продолжат дружењето со гостите од здружението „Гоце Делчев“ од Врање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град