Охрид се придружи кон ревакцинацијата против заразни заушки

Граѓаните не треба ефектите да ги очекуваат веднаш- порачуваат стручните лица.

 |   | 
zauski
заушки

Граѓаните не треба ефектите да ги очекуваат веднаш- порачуваат стручните лица.

Започна ревакцинацијата против заразни заушки во Охрид. Со неа се опфатени младите на возраст од 15 до 19 години, кои воопшто не биле вакцинирани или пак примиле само една вакцина. Акцијата се спроведува во Службата за вакцинација при Зравствен дом.

„Помеѓу првата и втората примена вакцина мора да помине период од еден месец“, велат стручните лица. 

Ефектите од вакцинацијата не може да се очекуваат веднаш, вели д- р Коровешоска. Намалувањето на бројот на заразени како и компликациите кои се резултат на ова заболување, се очекува дури по две до три недели од вакцинацијата.

dete„Не треба да се очекува дека епидемијата ќе стивне по два дена од вакцинирањето. Ќе има само благо опаѓање. Потребен е да помине период на имунизација. намалувањето на бројот на заболени и компликациите се очекува по две до три недели од вакцинацијата“, објаснува д- р коровешоска. 

Како што е познато, Охрид засега останува заобиколен од епидемијата на заразни заушки. Од почетокот на годинава до денес на ниво на општина Охрид евидентирани се 4, а во 2008- 9 случаи.

Инаку, најпогодени градови од епидемијата на заразни заушки во земјава се Струмица, Велес, Кавадарци и Скопје.
Во втората половина на 2008 евидентирани се вкупно 4. 700 заболени. Ова е најголемата евидентирана бројка во текот на изминатите 12 години.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top