Ревматските заболувања земаат се поголем замав

Ревматските болести на 4то место по процентот на граѓани кои заболуваат од нив. Тие во голема мера ја намалуваат работната способност на луѓето и со тоа се намалува и нивниот квалитет на живеење. Стручњаците велат дека мора сериозно да се работи на подигнување на јавната свест кај населението во врска со ова заболување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
reuma
реума

 

Ревматските заболувања земаат се поголем замав. Најновите истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека 20% од населението заболува од некој вид на ревматизам. Ревматските болести се наоѓаат на 4то место во групата на сите останати болести. Постојат голем број фактори кои доведуваат до ова заболување. На прво место се генетските предиспозиции, зголемената телесна тежина, стилот на живеење, недоволната физичка активност. Најголемиот предизвик на современата медицина е како да се превенират овие болести.реума

Тешко е да зборуваме за превентива бидејќи настанувањето  на ревматските заболувања не е доволно  разјаснето, вели Проф. Д-р Јордан Чаловски-ревматолог

Со цел размена на искуства и унапредување на знаењата и вистините во воспоставување на точна дијагноза и правилно лекување на ревматолошките заболувања, македонската ревматолошка асоцијација и Универзитетската ревматолошка клиника од Скопје го организираа Вториот македонски ревматолошки конгрес со меѓународно учество.  На конгресот се дискутира како да се намалат последиците од ревматолошките заболувања бидејќи тие во голема мера ја намалуваат работната способност на луѓето и со тоа се намалува и нивниот квалитет на живеење. Д-р Чаловски вели дека мора сериозно да се работи на подигнување на јавната свест кај населението во врска со ова заболување.

Зa жал современата медицина повеќе обрнува внимание на последичните врски кои доведуваат до ревматски заболувања отколку на превентивата. Се работи на изнаоѓање на лекарства против нив а не на намалување на ризиците од нив, објаснува Чаловски.

Ревматолозите  се согласуваат за тоа дека оваа болест не е доволно испитана и повеќе се посветува внимание на симптоматска терапија отколку на превенција. Но потенцираат,  тврдењето дека реумата е неизлечива е мит. Доколку се дијагностицира на време и соодветно се третира пациентот може да има нормален и исполнет живот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top