Ресторанот на гробишта доби нов закупец

Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ.

 |  Николоска Биљана  | 
restoran grobista
ресторан гробишта

Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ.

restoran grobistaОваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде  Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за  закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП Градски Гробишта.

Инаку ресторанот беше затворен 4 месеци на што реагираа граѓаните затоа што секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top