Станоиздавачите бараат продолжување на решенијата за категоризација на нивните сместувачки капацитети кои според последните измени во Законот за угостителска дејност повеќе не се продолжуваат ниту пак се издаваат.
Локалната и Секторот за туризам и локален економски развој, решение за проблемот со приватните станоиздавачи во колективни станбени згради ќе бараат во Собранието на Република Македонија. Од ТЛЕР велат дека почетокот на летните одмори ја ограничил нивната можност за институционално дејствување со цел да им се излезе во пресрет на станоиздавачите кои издаваат легла во станбени згради.
„Во соработка со пратениците од Охрид, ние подготвуваме амандмански измени за тие точки од Законот за угостителска дејност кои ќе пробаме на исти начин да ги издејствуваме како што беше случајот и со кајчарите. Бидејќи од нашите досегашни обиди кои ги имавме преку Министерството за економија, не добивме толку брз одговор како што очекувавме во интерес на решавање на овој проблем, така да сега ќе се обидеме и на другиот начин односно дејстување во рамки на Собранието на Република Македонија, односно директно поднесување на амандмани за измена на овој закон секако почитувајќи ја целата постапка но во соработка со пратениците од Охрид.“-вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.
Иницијативата за поднесување на вакви амандмани доаѓа месец дена откако приватните станоиздавачи во колективни станбени згради револтирано пред општинската зграда побараа да им се продолжат решенијата за категоризација како би можеле да продолжат легално да ја извршуваат својата дејност. Тогаш добија образложение дека Секторот за ТЛЕР тоа не смее да го направи бидејќи на тој начин би го прекршил Законот за угостителска дејност. Тогаш од ТЛЕР рекоа дека извесен период наназад барале толкување и измени на овој закон, но за тоа не добиле никаков одговор од министерството за економија. Оваа летна туристичка сезона полека изминува,останува да видиме дали ќе се издејствуваат измените на законот со што ќе се реши проблемот на граѓаните чија егзистенција зависи од издавање легла во станбени згради.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град