Решение или импровизација?

Опасните отворени шахти на неколку локации низ градов остануваат проблем кој никако да се реши.

 |  Голабовски Крсте  | 
sahta
шахта

sahtaПроблемот со опасните отворени шахти низ градов, никако да биде решен. Пред два месеци, ТВМ информираше за постоење на вакви незаштитени шахти на неколку локации низ нашиов град. Денес, сликата воопшто не е променета. Така, отворената шахта на улицата „Марко Цепенков“ за која жителите на оваа улицат дека 5 години е незаштитена, а за која тие  уредно си реагирале до Фондот за комунален развој патишта и сообраќај сеуште е отворена и необележана. Од локалната тогаш со објаснување дека тука неколку пати интервенирале, но дека капаците биле украдени од несовесни граѓани.

Иста е состојбата со отворената шахта и на улицата „Јордан Мијалков“, шахта длабока речиси два метри, за која ТВМ по рекација на граѓани исто така предупредуваше, но до ден денес, освен смет, над и во оваа шахта нема интервенција. Ситуацијата на оваа улица е дотолку посериозна бидејќи  нема улично осветлување, па така лесно може да се случи некојод граѓаните недај Боже да остане без нога или глава, особено во вечерните часови. Се знае дека одговорноста за вршење редовни контроли на состојбата на водводната и канализациона инфраструктура е на ЈП „Нискоградба“ Охрид.

sahtaНо тие и во овој случај излегоа со податоци дека во Охрид имaло 6000 шахти а дека нивните метални капаци биле мета на несовесни граѓани, па поради тоа надлежните тешко се справувале со проблемот. Со оглед на нивната инертност во реакцијата, кога и преку медиум ќе им се посочи конкретна локација со ваков проблем, зачудува апелот кој тогаш го испратија до граѓаните, кога ќе забележат отворена шахта во секое време да пријават на телефонскиот број 046 260 298.

Малку побрза беше реакцијата на МЈП „Проаква“ за случајот со отворената шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“, но слободно можеме да кажеме дека не станува збор за трајно решение, туку за чиста импровизација.  Пред две недели беше поставен бетонски капак над оваа шахта со цел да се спречи некаков несакан инцидент, но истиот беше повисoк од коловозот и беше оштетен. За воља на вистината, тогаш даденото ветување од  „Проаква“, е исполнето и шахтата е покриена, но не со соодветен капак, туку со дел од тој ист бетонски капак, искршен да одговара на дупката.

После мал милион оправдувања, изговори и ветувања од службите на локалната и јавните претпријатија, охриѓани чекаат соодветно и брзо решение на овој проблем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top